Поранешната водителка Миа Костова предизвика голем интерес на социјалните мрежи со нејзината последна објава.
Овојпат во прашање е виралниот тренд Супермен кој однесе нешто помалку од 20 македонски деца во болница. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.
На тема деца читам три дена. Од третооделенец што затвори две школи преку челинџ од тикток.
Еднаш засекогаш да расчистиме. Децата се родителите. Од родители орангутани не излагаат пеперутки. И тука завршува секоја дискусија. Дете кое е учено да не убива пајак дома туку да го вади низ прозор нема да фрли другар у вис а со многу зборење нема ни да легне да го фрлат. Девијантно понашање не е вродено, се гледа, се стекнува или па се појавува како резултат на немање воопшто никакво внимание. Прекинете да кривите тикток, ако нема тик ток некој друг ќе му каже, да ги заштитите од социјална мрежа денес – просто па невозможно. За промена пробајте да ги воспитате.
Кога го опоменав Андрија за челинџот дома, ми рече само ‘малце ме вреѓа што мислиш дека сум идиот’
И не се они идиоти, вие сте. Возрасни идиоти. Особено оние кои па згора на сѐ и не гледаат проблем кај нивните принцови и принцези и кога ќе им се укаже на тоа…
Ова е едно време во кое родителите се плашат од своите деца. Па тоа длабоки психолошки осврти за дискусија и пристап. Наставници се плашат од деца… Да ми е да имам право, како би ги дотерала сите у ред… ама ете може ќе се освестите дека еден ден оние фините и мирните ќе ви го вратат булерот дома со забите во раце. Така оди тоа.
Ај сега повторете им дома да не изиграваат супермени и пробајте да не ви кажат ‘ќути бе стари, ти ќе ми кажеш’. Па да се прекрстите само и да си продужите со серијата.