fbpx

Стевчо проговори за ракот: Прва исповед за болеста, овој човек му дал голем кураж

Стевчо Јакимовски првпат проговори за битката со ракот во поткастот „Зрак“.

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош сподели искрени детали за предизвиците и лекциите од овој тежок период. 

„Голем кураж ми даде доктор Докиќ. Ми рече: ‘Стевче, кога ова ќе го извадиш, ти си практично здрав човек’. Морам да кажам дека тоа е голема сила. Не е исто да ти речат: ‘Слушај, ова ќе го вадиш, па потоа ќе имаш хемотерапии, па имаш и други помали метастази, па ќе видиме тие како ќе се развиваат..’. И тоа некако така, многу храброст ми даде“, раскажува Јакимовски во промотивното видео за новата епизода со д-р МАрина.

Во поткастот гостува и д-р Славко Тасевски кој зборува за важноста на раното откривање на болестите и улогата на современата медицина во спасувањето животи.

Следни Објави

Од родители орангутани не излагаат пеперутки: Миа остро за Супермен

Поранешната водителка Миа Костова предизвика голем интерес на социјалните мрежи со нејзината последна објава. Овојпат во прашање е виралниот тренд Супермен кој однесе нешто помалку од 20 македонски деца во болница. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост. На тема деца читам три дена. Од третооделенец што затвори две школи […]