Цел месец трае потрагата по Лидија Трајковска од скопско Јурумлери која мистериозно исчезна.
Нејзиниот сопруг непоседно по инцидентот откри дека таа последен пат била забележана на камери во пет часот наутро на автобуска постојка во нивното село.
Сега се огласи и нејзината ќерка Мартина која сподели трогателна порака.
„Да имаш мајка која ќе те пречека на куќниот праг е многу поубаво, отколку да имаш куќа и имот. Џабе е се’ ако нема кој да те дочека, да ти пружи рака и да те прегрне“, е пораката.
Под истата се најде и следниот коментар: „Баш така, девојче. Биди јака, издржи се’, затоа што и ти ќе бидеш мајка и тебе ќе ти се радува некој. Затоа мора да бидеш силна“.
НА ИСТАТА ТЕМА:
Како на филм: Од Лидија ни трага, ни глас, брат ѝ сега откри неочекувани детали од исрагата
Пред две недели ќерката на Лидија која е бремена за 24Инфо изјави дека низ градот се слушаат разни приказни за нејзината мајка и истите ги прокоментира како дезинформации.