fbpx

Јакимовски отворено за ракот на белите дробови: Еден негов потег ги изненади сите

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош првпат проговори за битката со ракот на белите дробови.

Стевчо Јакимовски во поткастот „Зрак“ детално ја раскажа својата борба. Кажа дека немал никакви симтоми и дека во една вечер добил силни болки во пределот на долниот дел од грбот, по што решил да направи испитувања. 

Јакимовски раскажа дека најнеизвесно било испитувањето кое требало да покаже дали канцерот го има на едно место или се проширил и метастазирал.

„Кога добивме абер дека канцерот е само на едно место, тоа беше како да сум добил седмица на лото, без разлика што секако ќе морав да се оперирам“, кажа тој. 

Тој дополни дека добивал поддршка од сите страни, но и дека одлучил да не ѝ кажува на својата мајка-потег кој изненади многумина. 

„Мајка ми и татко му и ден денеска не знаат за мојот случај“, искрен е Јакимовски. 

Следни Објави

Го сретнала на плажа, случајно во балкански стил: Македонската водителка искрено за сопругот

Андријана Лазова Божиновска е релативно ново лице на телевизиските екрани. Околу пет години е дел од информативната редакција на Канал 5, а јавноста најмногу ја препознава како водителка на дебатната емисија „Само вистина“. По потекло е од Кавадарци и вообичаено еднаш месечно го посетува родниот град каде живеат нејзините родители […]