fbpx

Го сретнала на плажа, случајно во балкански стил: Македонската водителка искрено за сопругот

Андријана Лазова Божиновска е релативно ново лице на телевизиските екрани. Околу пет години е дел од информативната редакција на Канал 5, а јавноста најмногу ја препознава како водителка на дебатната емисија „Само вистина“.

По потекло е од Кавадарци и вообичаено еднаш месечно го посетува родниот град каде живеат нејзините родители и, како што кажа во една прилика, многу нејзини драги личности.

Андријана во март годинава застана пред олтар. Со Марјан се заедно три години.

„Првпат се сретнавме во кафуле на плажа во Охрид, случајно почнавме да разговараме преку една маса (во балкански стил) и оттогаш започна се’“, откри таа во едно интервју.

Вели дека нема поубаво чувство кога ќе си ја најдете другата половина која точно знае кои моменти ви се особено важни.

„И по вторпат да се родам, пак него ќе го изберам“, нагласи таа во истиот разговор.

Следни Објави

„Таков сум роден“: Кире Науновски проговори за неговиот голем проблем

Три децении активно се занимава со музика македонскиот натпреварувач во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“. Кире Науновски од Свети Николе има 45 години, а првите посериозни чекори како пејач ги направил кога имал само 16 години. Тогаш почнал да пее на свадби и на други веселби. Во разговор за […]