„Таков сум роден“: Кире Науновски проговори за неговиот голем проблем

Три децении активно се занимава со музика македонскиот натпреварувач во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“.

Кире Науновски од Свети Николе има 45 години, а првите посериозни чекори како пејач ги направил кога имал само 16 години. Тогаш почнал да пее на свадби и на други веселби.

Во разговор за Гранд тој раскажува дека најголема поддршка има од сопругата со која има две деца.

Многумина со внимание ги проследија неговите погледи додека ја интепретираше песната „Потражичу очи нешто зеленије“ од Маринко Роквиќ.

„Поради стиховите на оваа нумера гледав во сопругата, но и поради нејзината несебична поддршка, бидејќи таа многу ми помогна. По природа сум личност која има многу трема, ни самиот не знам поради што. Таков сум роден и тоа ми претставува голем проблем генерално“, раскажува Кире.

Пред да се појави на подиумот, Науновски призна дека добил голема поддршка и од Тијана Дапчевиќ која е дел од жирито. Кога таа видела дека Кире е под голем притисок пред настапот, му пришла и го охрабрила дека нема причина за паника и дека се’ ќе помине во најдобар ред.

Следни Објави

Каква промена! Македонската пејачка старее како вино, на новите слики изгледа светски

Благица Павловска се одлучи за драстична промена кога е во прашање изгледот. Популарната македонска пејачка стана русокоса. Стилистот и фризер Владимир Трајковски сподели неколку фотографии за да ја долови неверојатната трансформација. Павловска пред неколку дена го прослави 66-от-роденден. Нејзините фанови се едногласни дека старее како вино. „Легендарната фолкерка едноставно блеска […]