Не знаев дали ќе се разбуди од кома: Весна Бејби проговори за ќерката

Во исцрпно обраќање на социјалните мрежи, актерката Весна Петрушевска откри дека оваа 2024 ѝ била една од најтешките години во животот.

Откако пред неколку месеци ја информира јавноста дека во средината на април ѝ дијагностицирале рак на дојка, таа сега проговори и за здравјето на нејзината ќерка.

„На мојата најголема љубов Мина ѝ се случи она што на ниту еден родител не посакувам, а тоа е да не знаете дали ќе се разбуди од кома или не. Моника Милков е повеќе од моја ќерка и сестра на Мина и ја спаси.

Снимав спот за претставата со Игор Џамбазов во моменти во кои не можев да стојам на нозе, а истерав до крај. Имам огромна поддршка од мојата екипа. Без оваа претстава немаше да преживеам сигурно. Едвај чекам да дојде Мина и ќе биде со големи букви посветена оваа претстава на мојата хероина“, напиша, меѓу другото, Петрушевска.

Во октомври, месец на борба против ракот на дојка, актерката детално зборуваше за ракот кој го победила.

„Долга е борбата. Секоја битка е добиена војна. Немам време за луѓе кои се бават со сѐ, освен со самите себе. Тука сум за да оставам мое наследство, во театар, телевизија, мои деца и деца и илјадници деца кои ми минуваат пред очи. Многу е важно да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикнат жените да одат на преглед. Мамографија, гинеколог. Знаете ли колку жени не се грижат самите за себе, оти животов ни се претвори во преживување. Додека не се соочите брутално нема да почнете да се сакате себеси. Еден е животот и не замижувајте”, напиша тогаш таа.

Следни Објави

На врвот на популарноста доживеа мрак: По обидот за самоубиство сега е среќна жена

Македонската публика добро се сеќава на Милица Мајсторовиќ која се прослави во „Операција триумф“, регионалното музичко шоу во кое се натпреваруваше и нашиот Александар Белов. Со нумерата „Совршен пар“ Милица ја освои балканската публика, но во екот на популарноста наеднаш се повлече од јавниот живот и ѝ се случи тотален […]