Пејачка и инфлуенсерка Ивона Јовановиќ која публиката ја препознава под уметничкото име Ивона Јо е пред нов животен предизвик.
Откако пред три години се одлучи за драстична промена во својот живот кога направи bariatric surgery-кратење на желудник во Турција, сега се подготвува за нов оперативниот зафат.
Во поткастот „Равенка за успех“ таа си ја отвори душата.
„Сега во јануари ми следи една покомплицирана операција којашто е паралелна на вишокот килограми кои ги имам изгубено-отстранување на вишок на кожа. Овој зафат јавно ќе го проследам, посебно оние сегменти кои не се покажуваат, а тоа е болка којашто ќе биде присутна“, открива таа.
„Но, едвај чекам, затоа што истата многу ме спречува да бидам тоа што сум и да ги тргнам оковите од мене коишто ми се стегнати како ланци. Да не се кријам повеќе, да не прекривам сегменти од себеси коишто ги имам, затоа што јас сум дојдена на овој свет да давам, а чувствувам дека тежината и она што е на мене залепено и прилепено не ми дозволува докрај да го искажам тоа. И едвај чекам да го симнам од мене, за да дадам, затоа што самата на себе сум си кочница да бидам тоа што сум“, вели Ивона Јо.