fbpx

Мајката ги напушти, а сега таткото ненадејно почина: Тажната приказна за петте деца од Кичево

За пет дечиња од Кичево е потребна помош. Сите хумани луѓе можат да донираат на апликацијата за помош GoFundMe

На Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона Јовановски итно им е потребна помош. Братучетка на нивниот ненадејно починат татко бара помош од сите хумани граѓани.

„Трагично, мојот братучед, 35-годишен, почина во сон (мозочен удар), оставајќи пет мали деца на возраст од три до осум години: Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона. Тој беше единствениот вработен во семејството. Мајката ги оставила децата пред три години и не е заинтересирана да се грижи за нив. Помогнете му на ова семејство со трошоците за погреб и финансиска помош за децата.

Социјалната помош ќе биде тешко остварлива некое време, бидејќи мајката не е во земјава. Децата моментално живеат со баба со хендикеп и помлад вујко, тие сакаат да ги задржат и посвојат децата. Сè што ќе им биде од помош, им треба храна, медицинска нега, платена комунална услуга, облека.. Ви благодарам и Бог да ве благослови“, пишува во објавата.

Можете да донирате ОВДЕ!

Следни Објави

Заврши в болница, па „стопи“ 20 кила: Македонската пејачка открива како ослабнала

Ленче Кукиќ пред три години во екот на пандемијата заврши во скопската болница „Осми септември“ откако заедно со нејзиниот сопруг беа хоспитализирани поради компликации со Ковид-19. Во тој период пејачката се здебелила дури 30 килограми, иако, како што вели не јадела многу. Посетила повеќе нутриционисти и се држела по нивните […]