fbpx

Заврши в болница, па „стопи“ 20 кила: Македонската пејачка открива како ослабнала

Ленче Кукиќ пред три години во екот на пандемијата заврши во скопската болница „Осми септември“ откако заедно со нејзиниот сопруг беа хоспитализирани поради компликации со Ковид-19.

Во тој период пејачката се здебелила дури 30 килограми, иако, како што вели не јадела многу. Посетила повеќе нутриционисти и се држела по нивните редоследи и правила, но тоа не ѝ помогнало, а и не може да си објасни зошто.

Во меѓувреме успеа да „стопи“ 20 кила за само една година, а сега конечно откри како ѝ успеало тоа.

„Почнав секое утро да пијам вода и да појадувам околу 10.30 часот. Јадам сѐ, но почнав да не ги мешам јадењата. Ако на пример наутро јадам тестенини, ставам во нив само едно мало парче путер, повеќе сол и толку. Нема сирење, нема кечап, ни мајонез. Ручам околу 17.30 часот и толку. За време на ручекот јадам сѐ: леб, салата, ориз, месо, и во меѓувреме, во текот на денот, не пијам газирани пијалоци и не јадам никакви грицки. По природа не сум многу по благите работи. Доволна ми е само една коцка чоколадо“, раскажува пејачката за порталот „Женски магазин“.

Вели дека сега има повеќе енергија и дека е благодарна што си направила еден свој режим на исхрана. Не се брзала, за, како што вели, да не ѝ се вратат килограмите како бумеранг.

Ленче Кукиќ и нејзиниот сопруг Горан се поранешни победници во популарното регионално шоу „Никогаш не е доцна“. Повеќе од две децении заедно настапуваат со бендот „Јупитер“.

Во музичкиот свет веќе сигурно чекори и нивниот син Иван, кој последниве години редовно настапува и со нашиот легендарен гитарист Влатко Стефановски.

Следни Објави

Си ветив дека ќе молчам, но не можам: Гоце има важна порака до драгите родители

Морам да споделам, посилно е од мене. Ме јаде, ме гризе од внатре, иако си ветив дека ќе пробам да го премолчам, но не можам.. Синоќа бев присутен на Новогодишен концерт на ООМУ Ордан Михајлоски Оцка-Прилеп, во улога на родител. Учениците блеснаа на сцена, свечено облечени и подготвени за настап; […]