fbpx

Си ветив дека ќе молчам, но не можам: Гоце има важна порака до драгите родители

Морам да споделам, посилно е од мене. Ме јаде, ме гризе од внатре, иако си ветив дека ќе пробам да го премолчам, но не можам..

Синоќа бев присутен на Новогодишен концерт на ООМУ Ордан Михајлоски Оцка-Прилеп, во улога на родител.

Учениците блеснаа на сцена, свечено облечени и подготвени за настап;

Воодушевија со изведбите;

Наставниците на ниво на задачата;

Програмата и изборот на точки за восхит.

И…

Во публиката една “мала” залутана група од разгалени деца дојдени со своите разгалени родители кои што:

скокаат од столче на столче;

гласно говорат;

телефоните не ги поставуваат на тивок режим и кога им ѕвонат се јавуваат без ронка срам;

коментираат додека трае изведбата;

влегуваат или излегуваат во/од концертната просторија;

по завршување на настапот на нивниот близок го напуштаат концертот правејќи неред зад себе…

И уште многу други недоличности.

Разгалените деца се одраз на разгалени родители.

Фејсбук-статус на Гоце Бумбароски, наставник

* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Боки 13 се повлече: Неочекуван потег на Јовановски

Поранешниот шоумен и бизнисмен Бојан Јовановски одлучи да се повлече од спектакуларно најавуваниот „Гивавеј“ кој го организираше со јутјуберот Стефан Лазаров. Тој ги образложи причините за овој неочекуван потег на неговите профили на социјалните мрежи. „Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам […]