Поранешниот шоумен и бизнисмен Бојан Јовановски одлучи да се повлече од спектакуларно најавуваниот „Гивавеј“ кој го организираше со јутјуберот Стефан Лазаров.
Тој ги образложи причините за овој неочекуван потег на неговите профили на социјалните мрежи.
„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров. Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот. Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период. Со почит, Бојан Јовановски – Боки13. П.С. Бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи“, напиша Јовановски во официјалното обраќање.
Тој дополни дека за сите останити прашања, коментари и ставови одговорите ќе ги даде во вторник за кога најави гостување во поткастот на Лазаров.
Лазаров, пак, во повеќе наврати се пожали дека против него и Боки 13 се води хајка.
„Едно нешто ќе побарам. Не верувајте на сѐ што читате, повторно организирана хајка. Ние ќе продолжиме да правиме добри дела, а за другиот дел се ќе си биде докажано. Да сте ми живи и здрави“, објави Лазаров синоќа.