fbpx

Ѝ беше пулен на Марија, а сега ја одбра Цеца: Конечно Македонец со 7 гласа во „Ѕвездите на Гранд“

Скопјанецот Никола Станишиќ (24) доби дури седум гласа со поддршка од стручното жири во последната епизода на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Се претстави со рефрените „Метак“ од Жељко Шашиќ и „Сто посто“ од „Амадеус бенд“ и ги воодушеви сите. Сосема непретенциозен и опуштен, Никола лесно ги изведе овие две песни и покажа голем талент, кој беше соодветно награден, пишуваат српските медиуми.

Тој не е непознат за овој популарен ТВ-формат. Пред пет години запеа во истото шоу, а тогаш менторка му беше Марија Шерифовиќ.

„Помислив дека си ти и ете се уверив. Супер беше Никола, одличен, браво“, му порача таа.

Искрено среќен и задоволен од добиените гласови, Никола се’ уште не можеше да поверува дека уѕвезда како Цеца се пријавила да му биде ментор.

„Цело време те слушав внимателно и те бодрев да не згрешиш. Не добив впечаток дека си од Македонија поради тоа колку чисто пееше. Беше одличен, моќен, убав трилер, културно пеење, совршена боја на гласот“, беа комплиментите кои му ги упати Ражњатовиќ.

На неговата енергија и на одличниот сценски настап не остана имуна ниту Ана Бекута.

„Прекрасно, насмеано, позитивно суштество, среќно на сцена, а такви луѓе овде ни недостасуваат секогаш, опуштено. Беше навистина убаво, честитки“, му кажа таа на Станишиќ.

Ѓорѓе Давид имаше можност да го слуша Никола и на аудицијата во Скопје, па заклучи дека тој е еден од ретките кои подобро пееле на сцената на Гранд.

„Како да беше болен, уморен, што и да е. И сега се слушна мала засипнатост, а треба да внимаваш штом настапуваш, ниту еден ментор нема да ти дозволи да доаѓаш така, ниту на проби, ниту на настапи овде. Ова е само почеток, има многу да се направи пред финалето. Мојот глас дефинитивно оди за искуството, ведрината и стајлингот“, истакна Ѓоле.

Единствениот член од жирито кој беше воздржан беше Александар Милиќ Мили, кој веднаш објасни.

„Не признав идентитет. Јас попро би гласал за грешка, ако некој има идентитет. Сигурно имаш одличен избор за ментор, па ќе работат на тоа со тебе“, рече Мили.

Овој коментар го налути Ѓорѓе, па се замеша со пцовка.

-Ако он нема идентитет, тогаш да му е*ам мајката“, беше остар рокерот, додека колегите го осудија неговиот коментар.

Никола многу се мислеше кого да одбере за ментор и призна дека би сакал да работи со сите, но на крајот ја одбра Цеца.

Следни Објави

(ФОТО) Со неа е речиси една деценија: Сопругата на Спасен Сиљаноски е како од списание

Не постои човек во Македонија кој барем еднаш не го слушнал заразниот рефрен „Ќе ти дојдам“. Песната стана вирален хит на социјалната мрежа „Тик Ток“, па стана препознатлива во целиот регион. Оттогаш, јавноста се’ повеќе се интересира и за нејзиниот интерпретатор, познатиот естраден уметник Спасен Сиљаноски кој речиси преку ноќ […]