fbpx

Спектакуларно најавуваниот „гивавеј“ продолжува во друга форма: Еве како ќе се делат подароците

Наместо со гала-вечери во познати дискотеки и кафулиња низ Македонија, спектакуларно најавуваниот „гивавеј“ на Стефан Лазаров и на Боки 13 ќе продолжи во друга форма.

Деталите ќе бидат дополнително соопштени, откако денсека на социјалните мрежи се огласи популарниот јутјубер и ја информира јавноста за промените.

„Знаете кој сум и што правам сиве овие години. Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Јас само знам дека сум чист пред себе и Бог и дека не правам лошо дело, напротив ширам позитивна енергија и се борам да успеам самостојно. Проектот ќе продолжи поради вас, ќе продолжи затоа што знам дека не правам ништо погрешно. Ќе продолжи во друга форма и сите подароци ќе се онлајн. Ќе бидете известени за сите промени. И уште нешто, не верувајте на се’ што ќе прочитате. Ве сака Лазаров“, напиша тој.

Пред да се огласи Лазаров, од целиот концепт се повлече и Боки 13.

„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров. Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот. Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период. Со почит, Бојан Јовановски – Боки13. П.С. Бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи“, напиша Јовановски во официјалното обраќање.

Тој дополни дека за сите останити прашања, коментари и ставови одговорите ќе ги даде во вторник за кога најави гостување во поткастот на Лазаров.

ДОПОЛНЕТО!

Лазаров во меѓувреме се огласи и за вчерашната контрола од УЈП и што констатирале инспекторите.

Тој најави и дека со неговиот правен тим ќе поднесе забелешка.

Следни Објави

Ѝ беше пулен на Марија, а сега ја одбра Цеца: Конечно Македонец со 7 гласа во „Ѕвездите на Гранд“

Скопјанецот Никола Станишиќ (24) доби дури седум гласа со поддршка од стручното жири во последната епизода на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Се претстави со рефрените „Метак“ од Жељко Шашиќ и „Сто посто“ од „Амадеус бенд“ и ги воодушеви сите. Сосема непретенциозен и опуштен, Никола лесно ги изведе овие две песни […]