Каква трагедија! Познатиот пејач заврши неславно, почина со 1.200 денари в џеб

Пејачката Нела Бијаниќ во едно неодамнешно интервју откри непознати детали за животот на Нино Решиќ. Во истата прилика таа призна колку ѝ е жал што така неславно завршил

Нино Решиќ беше голема фолк-ѕвезда во деведесетите, зад себе остави многу хитови, а речиси сите колеги го паметат по добрината и по раскошниот вокал.

Меѓутоа, неговиот приватен живот ни одалеку не беше розов. Пејачката Нела Бијаниќ неодамна проговори за еден портал, а во својата животна исповед го спомна и својот покоен колега, легендарниот Нино.

Таа неколкупати имала можност да соработува со него, а и приватно другарувале.

„Му бев и на свадба, жал ми е што така заврши. Му бев и гостинка на концертот. Одличен пејач, најголемата машка ѕвезда. Беше многу зафатен, заврши со последните 20 евра туѓи в џеб. Златната кочија поминува еднаш во животот, не поминува секој ден, ако си го земал златото-си го земал. Сега зборувам генерално, треба да создадеш нешто за да имаш зад себе, треба да имаш нешто за кога ќе наполниш 60-70 години и кога веќе нема да можеш да пееш“, изјави таа.

Следни Објави

По 23 години се врати дома: Една работа ја натера, проговори за сè

Со нумерата „Дај ми надеж“ победи на „Цветници“ во 1992 година, но „Моминска клетва“ која ја сними следната година ѝ ја одбележа кариерата. Смиља Митревска, некогашна вокалистка на „Тавче гравче“, по подолго време се појави на јавен настан, а поводот беше голем. На неодамна одржаниот фестивал „Роса фест“ ѝ беше […]