На 63-годишна возраст ненадејно почина професор д-р Сашо Кожухаров, декан на Економскиот факултет и проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје.
Универзитетските професори со трогателна порака се простија од својот драг колега на социјалните мрежи.
„Вчера нѐ затече неподготвени! Те чекавме на утринското кафе пред да почнеме со часовите и денот, а наместо тебе, ни пристигна жалната вест за твоето неочекувано заминување! Нѐ остави со голема празнина таму каде што беше ти, во нашите срца, во училниците на Универзитетот!
Ќе го паметиме вчерашниот ден, 16 декември, во спомен на сите прекрасни денови и предизвици што ги поминавме заедно! Нека ти е светол патот во вечноста! Од ректорот, вработените и студентите на Универзитетот Скопје“, пишува во објавата на УТМС.