Познатата македонска дизајнерка Ивана Кнез раскажа потресна животна приказна.
Во последната епизода на телевизиското шоу „Нешто конкретно“ таа со останатите гости дебатираше на темата: Ќе не’ биде ли како нација или генерација? и во даден момент сподели со јавноста нешто неочекувано.
Кога водителката Снеже Велков ја праша дали се чувствува општествено корисна како личност, таа го изјави следното:
„Имам спречено самоубиство. Тоа го знам. Пишував колумни едно време.. Ќе ја поздравм, знам дека ме гледа, ме следи.. Ми кажа дека јас сум ѝ била инспирација да не си го одземе животот, да направи промена со себе, да се запише на факултет и за мене, на пример, тоа е мој личен и најголем успех“, откри познатата дизајнерка.