fbpx

Се омажи трудна, често пееше кај нас: Ќерката ја одгледа сама, па се случи најлошото

Нејзиниот голем хит „Потражи ме у предграѓу“ и денеска се слуша. Испеа бројни шансони и во 80-тите години на минатиот век беше меѓу најомилените и најбараните пејачки на овие простори.

Во екот на популарноста беше чест гостин и во Македонија. Во 1987 година на штипскиот фестивал „Макфест“ го отпеа хитот „Лажи ме“, песна на Григор Копров и Ромео Грил.

Малкумина знаат дека Мери Цетиниќ се омажи бремена кога имаше 23 години. За приватниот живот ретко зборува, тој брак не потраја долго, но доби наследничка. Од нејзината втора година ја одгледа Ивана како самохрана мајка, а пред три години се случи она најлошото.

Во 2021 година во Сплит почина нејзината ќерка по долга битка со тешка болест. Имаше само 43 години, а нејзината славна мајка во интервјуата често истакнуваше колку биле поврзани и колку добро се разбирале.

„Таа беше мојот свет, мојот живот, моето сè, мојата најголема радост, мојата најголема среќа и мојата најголема болка и тага“, призна пејачката во едно интервју.

Мислела дека никогаш повеќе нема да запее.

„Две години воопшто немав глас. Се обидов да запеам, но ништо не излегуваше. Сè беше толку згрчено, тоа беше толку страшна болка“, призна таа во истата емисија.

Следни Објави

Ова беше најпознатото момче во Југославија: Бошко Буха денес е друг човек

Во 1978 година Бранко Бауер го сними сега веќе легендарниот филм „Бошко Буха“. Животот на неколку момчиња комплетно им се промени, а меѓу нив и на Иван Којунџиќ кој го играше главниот лик. За разлика од Ненад Ненадовиќ кој по ова остварување постигна голем успех и глумата ја одбра како […]