Турската актерка Гокче Бахадир, најпозната по легендарната турска серија „Кога лисјата паѓаат“ која им беше омилена и на Македонците, пред неколку години се омажи со музичарот Емир Ерсој.
Судбоносното „ДА“ првпат го изговори во 2011 година, но таа љубовна идила заврши неславно после само една година.
„Нашата љубов беше голема и бракот беше логичен след на настаните. Сепак, патиштата многу бргу ни се разделија и одлучивме да се разделиме“, изјави актерката во едно интервју.
Долго се шпекулираше за вистинската причина за нивниот развод, а луѓе од нејзиното блиско опкружување во тоа време изнесоа шокантни тврдења. Наводно тогашниот сопруг го изневерувала со неговиот татко, со свекорот кој во меѓувреме почина.
„Покојниот Кемал беше голем заводник. Тие двајца започнале афера само неколку дена откако тој ѝ станал свекор. Помеѓу нив долго време постоела фатална привлечност, па тоа што бил вљубен во својата снаа и што е дури 30 години постар од неа воопшто не му пречело“, откри пред неколку години пријател на актерката кој разбирливо инсистирал да остане анонимен.
Во тоа време турските медиуми пишуваа дека нејзиниот сопруг бил на пат кога таа се забавувала со неговиот роден татко. Наводно, се вратил дома два дена порано од планираното, без претходно да ѝ најави, сакајќи да ја изненади. Но, „изненадувањето“, сепак, било за него. Веќе на влезот во дворот го видел автомобилот на татка си, а кога влегол дома ги затекнал „како од мајка родени“ додека гледаат телевизија.
Изневерениот маж подоцна конечно најде вистинската среќа покрај Назли Курбанзаде со која е во хармоничен брак од 2018 година, а двојката ја доби и ќерката Нарин.