Во 1978 година Бранко Бауер го сними сега веќе легендарниот филм „Бошко Буха“.
Животот на неколку момчиња комплетно им се промени, а меѓу нив и на Иван Којунџиќ кој го играше главниот лик.
За разлика од Ненад Ненадовиќ кој по ова остварување постигна голем успех и глумата ја одбра како негова животна определба, Иван не продолжи по истиот пат.
Со години е вработен како презентер во една хрватска радиостаница и ретко се појавува во медиумите.