fbpx

Трагичната судбина на браќата од Скопје: Од идоли во СФРЈ до мистериозна смрт

Легендарните браќа близнаци Драган и Предраг Лаковиќ се родени на 28 март 1929 година во Скопје.

Драган Лаковиќ ги одбележа детството и младоста на многу генерации. Оствари значаен актерски опус, играјќи пред се’ во мјузикли.

Ќе остане запамтен не само по улогите во театарот, туку и по многуте филмови и телевизиски серии како што се „Подобар живот“, „Камионџије“, „Дом за бесење“ и „Мајстори, мајстори“. Незаборавни се неговите креации во легендарната емисија за деца „На слово на слово“ со која и денес растат многу деца.

Драган Лаковиќ почина на 31 мај 1990 година во својот дом, како сакан сопруг, татко, пријател и колега. За него се шпекулираше дека бил бездомник и дека го пронашле мртов во возот кој патувал на релација Белград-Бар, но тие приказни ги демантираше неговата ќерка Лилјана.

„Не разбирам некој после повеќе од две децении да навредува мртовец, а со тоа и неговото смејство. Не би сакала да се спуштам на тоа ниво и да коментирам чаршиски урбани легенди“, изјави таа во една пригода.

Официјалната верзија е дека починал од инфаркт подготвувајќи се за претстава во која требало да игра тој ден.

Предраг Пепи Лаковиќ, братот близнак на Драган, беше пет минути постар, а почина на 9 септември 1997 година.

Животот го загуби трагично. Предраг се удави во Мртва Тиса кај селото Чуруг кадешто имаше викендица во која поминуваше доста од слободното време. Одредени медиуми тогаш пренесоа дека остана мистерија дали навистина се работи за несреќен случај или за самоубиство.

Пепи публиката најмногу го памети по улогата на Коста Павловиќ во култната серија „Подобар живот“, урнебесниот вујко од Париз на Емилија Попадиќ.

Следни Објави

Конечно нивна година: Овие луѓе ќе бидат најсреќни во 2025

Астролозите се едногласни, припадниците на овие два хороскопски знака ќе бидат најсреќни во 2025 година Тешките времиња ќе бидат минато за некои хороскопски знаци во годината што доаѓа, особено за овие два. 2025 дефинитивно ќе биде нивна година, една сосема поинаква приказна и можност за максимално искористување на постоечките ресурси […]