fbpx

Денес е голем празник: Се верува дека оваа молитва носи пари

Православните верници денес го слават денот на Свети Спиридон Чудотворец. Овој празник за многумина е и куќна слава, а бидејќи се паѓа за време на Божиќниот пост, се подразбира дека празничната трпеза е секогаш посна.

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски е роден во скромно селско семејство и работел како овчар, па е претставен во овчарска капа на иконите на Свети Спиридон. Имаше здрав дух и бистра душа бидејќи немаше образование.

Услиши нѐ нас грешните: Молитва кон свети Спиридон Чудотворец!

Голем и пречудесен светителу Спиридон, пофалбо Керкирска, блескаво светило на целата вселена, пред Бога топол молитвенику за сите оние кои прибегнуваат кон тебе и брз застапнику на сите оние кои со вера ти се молат! Меѓу Отците на Никејскиот собор преславно верата православна си ја објаснил, единството на Пресвета Троица со чудесна сила си го покажал, а еретиците до крај си ги посрамил. Услиши не’ нас грешните кои ти се молиме, Светителу Христов, и со твоето силно застапништво пред Господа избави не’ од секоја неволја, од глад, потоп, оган и смртоносни рани.

Во својот привремен живот од сите неволји си ги избавувал луѓето, од налетите агарјански и од глад си ја спасувал својата земја, царот од неизлечива болест си го избавил и многу грепници кон покајание си ги привел, мртвите преславно си ги воскреснувал, а поради светоста на твојот живот во црквата ангели невидливо ти сослужувале и пееле. Така те прослави тебе, Својот верен слуга, Владиката Христос, во сите скриени дела човечки да проникнеш те дарувал, и да ги разобличиш оние кои неправедно живеат. На мнозина во беда и сиромаштија усрдно си им помагал, во време на глад немоќните си ги нахранувал, и многу други дела со силата на Духот Свет Кој во тебе престојува си извршувал.

Не не’ оставај ниту нас, Светителу Христов, спомни си за чедата свои пред Престолот на Седржителот, и измоли од Бога да ни дарува опростување на нашите многубројни гревови, спокоен живот, непосрамен и мирен завршеток на нашиот живот, и удостој не’ со вечните блаженства на идниот век, за секогаш слава и благодарност да Му вознесуваме на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин.

Следни Објави

Едно навидум нормално попладне се претвори во пекол: Исчезнатата Злата од Свети Николе како да пропадна в земја

Веќе шест месеци се трага по Злата Јанкова, 45-годишната жена од Свети Николе на која на 16-ти јуни годинава ѝ се губи секаква трага, откако едно навидум сосема нормално попладне околу 15 часот од селото Орел каде со сопругот имаат викендица тргнала кон родниот град. Нејзините најблиски се’ уште бараат […]