Живееле во иста зграда: Сара го убила соседот педофил, па се случило нешто неочекувано

Кога Британката Сара Сендс слушнала муабети дека нејзиниот 77-годишен сосед Мајкл Плистед ги вознемирува децата на улица, не ни претпоставувала каков хорор ја очекува.

Озборувањата ѝ ги потврдила пријателка која ѝ признала дека Мајкл се обидел да го обљуби нејзиниот син.

Сара во истиот момент многу се уплашила за безбедноста на својот син Бредли. Имала и силна причина за тоа. Уште на крајот од 2014 година, момчето се вратило дома видно вознемирено тврдејќи дека „чичо Мајкл“ се обидел да го допре и да го бакне.

Во тоа време веќе се’ погласни станувале муабетите дека се работи за педофил. По настанот, Сара отворено му се заканила, но очигледно тој продолжил со неговата „мисија“.

Чашата се прелила кога кон средината на 2015 година нејзиниот син ѝ се пожалил дека Мајкл повторно се врткал околу нивната зграда и оти му дофрлувал дека „кога-тогаш ќе биде негов“.

Сара во афект го зела најголемиот кујнски нож, му отишла на врата и го избодела до смрт.

Добила само три и пол години затвор, благодарение на фактот што во нејзина одбрана застанале многу мајки од соседството кои сведочеле за слични сикуства со нивните синови.

Таа била осудена и на дополнителни три и пол години условна казна.

Иако, уште од почетокот на 2019 година е на слобода, вели дека ниту денес не ѝ е лесно поради одлуката да убие човек, но смета дека тој бил вистинскиот потег. Неодамна раскажа и што ѝ се случило кога излегла на слобода.

„Мајките од мојот крај ми подготвија незаборавен дочек. Тие ме сметаат за херој во соседството и за заштитник на децата и ми се заблагодаруваат што сум се жртвувала во нивно име. Бев шокирана, не сум доживеала нешто поубаво“, изјави Сара.

Следни Објави

Неочекуван потег: Братот на Лидија раскажа сè, ова е вистината за „кумот“

Времето поминува, а случајот паѓа во заборав. Нема ниту трага, ниту глас од 43-годишната скопјанка Лидија Трајковска која од осми ноември се води за исчезната. Таа кобниот ден излегла од дома во раните утрински часови, без лични документи и мобилен телефон, по што ѝ се губи траг. Очајни и беспомошни, сега […]