Познатиот македонски лекар, специјалист во областа на невропсихијатрија и епилептологија живееше по свои правила.
Невропсихијатарот д-р Методи Чепреганов почина во 2022 година на 86-годишна возраст. Прегледуваше пациенти до последен здив, а неполна година пред да почине откри дека максимално е посветен на пишувањето.
Освен по виталноста, беше препознатлив и по својот позитивен пристап кон животот. Тајната за договечноста ја поврзуваше со генетиката како основа на сé.
„Втората тајна е умереност во сѐ. Сѐ што правите треба да биде умерено. Третата е да избегнувате стресови или состојби кои го воспалуваат организмот. Тие прават дисбаланс на хормоните и психосоматски болести. Тоа е најголемиот проблем на цивилизацијата и на македонскиот народ. Македонскиот народ живее во пролонгирана стресогена состојба“, нагласи професорот во едно интервју.