fbpx

Елена советува како да привлечете пари на новогодишната ноќ: Дајте ги со десна, но..

Рускиот духовен водач Елена Христафарида открива три интересни ритуали кои ако ги примените во точно определено време во очи на новогодишната ноќ, многу е веројатно да ви донесат подобра, посреќна и побогата 2025-та.

Таа советува дека е задолжително да се ослободите од непотребните работи. Вели дека не случајно во некои земји постои традиција да се исфрли стариот мебел на новогодишната ноќ.

Елена потсетува и да не заборавите да го фрлите ѓубрето на 31 декември, но и да ја измиете косата и на тој начин да се ослободите од „валканите“ работи.

Направете некоја промена

Добро е на 31 декември да облечете барем едно ново парче. Ако не фустан или костум, тогаш барем долна облека или некој аксесоар. Важно е ова да го носите на полноќ. Така ќе си направите пат кон нови предизвици во животот, на професионален план или во љубовта. Многу е важно тоа парче навистина да ви се допаѓа, а не само да го купите колку да помине редот.

Привлечете пари

По 22 часот на 31 декември и пред 12 часот напладне на први јануари, обидете се да не позајмувате пари или пак вие некому да му дадете. Ако тоа е неизбежно, дајте ги парите со десна рака, а земете ги со лева. Но, прво оставете ги на маса или на било каква друга површина на неколку секунди, не пренесувајте ги директно.

За поголем прилив, земете ја највредната банкнота што ја имате во паричникот и точно во 23 часот на 31 декември поклопете ја со чаша од која планирате да пиете или веќе сте пиеле за новогодишната ноќ. Обратете внимание никој друг да не ги допира чашата и банкнотата. Пред полноќ превртете ја чашата, наздравете во чест на Новата година, земете ја банкнотата со лева рака и држете ја во моментот кога и официјално ќе влеземе во 2025 година.

Следни Објави

Доживеа длабока старост, остави јасна порака: Ова се тајните на долговечноста!

Познатиот македонски лекар, специјалист во областа на невропсихијатрија и епилептологија живееше по свои правила. Невропсихијатарот д-р Методи Чепреганов почина во 2022 година на 86-годишна возраст. Прегледуваше пациенти до последен здив, а неполна година пред да почине откри дека максимално е посветен на пишувањето. Освен по виталноста, беше препознатлив и по својот позитивен пристап […]