fbpx

Како да има 30, а не 75: Вера изгледа нереално за годините, луѓето не може да поверуваат

Светски познатата модна дизајнерка Вера Ванг во јуни наполни 75 години, а изгледа двојно помладо.

Таа сега повторно ги остави фановите со подоотворена уста со последните фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.

Познатата дизајнерка на венчаници позира во виолетова креација и изгледа нереално. „На улица без проблем би ја помешале со некоја 30-годишна девојка“, велат нејзините следбеници.

Вера во едно интервју изјави дека нема тајна, туку многу работа, добар сон, коктел со вотка и избегнување на сонцето.

Таа повремено објавува и фотографии на кои јасно се гледа дека не се воздржува од „нездрави“ оброци како пица или крофни, а во 2016 година за „Ин Стајл“ раскажа дека најчесто појадува омлет со мал тост со сланина, за ручек мора да има многу зеленчук и домашна кинеска храна за вечера.

„Никогаш не ги прескокнувам оброците, потребна ми е храна за мозокот да ми функционира“, изјави Ванг.

Пред неколку години престанала да консумира сокови и вели дека од тоа ѝ било најтешко да се откаже.

Во интервју за „Харперс Базар“, пак, откри дека легнува на полноќ и се буди во осум, а дека за викенди задолжително спие по десет часа. Тврди дека не сака да вежба, иако повремено објавува слики од теретаната во својот дом. Во младоста била сериозно посветена на уметничкото лизгање.

Следни Објави

Македонка проговори за гласањето во „Ѕвездите на Гранд“: Тоа не го очекуваше, навистина ја погоди

Оваа сабота на големата сцена во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ застана Ана Марија Илиевска. Тремата кај оваа млада Македонка беше очигледна, па едвај успеа да се пласира во следната натпреварувачка фаза. Ана Марија одбра тежок репертоар и покажа храброст, но тоа можеше да ја чини елиминација. Сепак, на крајот успеа […]