Македонка проговори за гласањето во „Ѕвездите на Гранд“: Тоа не го очекуваше, навистина ја погоди

Оваа сабота на големата сцена во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ застана Ана Марија Илиевска. Тремата кај оваа млада Македонка беше очигледна, па едвај успеа да се пласира во следната натпреварувачка фаза.

Ана Марија одбра тежок репертоар и покажа храброст, но тоа можеше да ја чини елиминација. Сепак, на крајот успеа да освои три гласа од жирито.

Илиевска подоцна ги сумира впечатоците и за „Гранд“ откри како се чувствува.

„Турбулентно. Морам да признаам, нервозата ме уби, но на крајот благодарение на жирито поминав. Во тој момент само помислив: ‘Фала му на Бога’. По киксот добив силен ветер во грб од публиката. Тоа најмногу ме охрабри, кога го слушнав аплаузот“, искрена е таа.

Иако е благодарна на членовите на жирито кои ја поддржаа, таа признава дека е разочарана од Марија Шерифовиќ која не гласала за неа.

„Марија е некој кој ми е најголем пример и бев многу разочарана, навистина ме погоди. Се надевав на нејзиниот глас, но на крајот испадна вака“, забележува Илиевска.

Пејачката ѝ искажа благодарност на Вики Миљковиќ.

„Ти благодарам Вики што го препозна потенцијалот. Да не беше ти, можеби немаше да поминам. Ти благодарам“, додаде Ана Марија која, сепак, ја избра Цеца Ражнатовиќ за свој ментор.

„Повеќе се пронаоѓам во песните на Цеца и во нејзината музика. Секако, ја слушам и Вики и ги почитувам сите“, вели Ана Марија.

Следни Објави

Пред само еден месец свиреше во Скопје: Ненадејно почина македонскиот музичар Ристо Ќорнаков

На 61-годишна возраст почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната македонска група „Зијан“ од Гевгелија. Пред само еден месец Ќорнаков со останатите членови на бендот свиреше на сцената во Младинскиот културен центар во Скопје. Групата настапи во МКЦ по цели 30 години, а фановите имаа ретка можност да го видат и […]