fbpx

Пред само еден месец свиреше во Скопје: Ненадејно почина македонскиот музичар Ристо Ќорнаков

На 61-годишна возраст почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната македонска група „Зијан“ од Гевгелија.

Пред само еден месец Ќорнаков со останатите членови на бендот свиреше на сцената во Младинскиот културен центар во Скопје.

Групата настапи во МКЦ по цели 30 години, а фановите имаа ретка можност да го видат и слушнат целиот оригинален состав во живо.

Гевгеличани жалат што вака ненадејно се „раситни“ петорката од омилените „Зијан“.

Ќорнаков кој свиреше клавијатура, велеше дека музиката му прави ќеф, а дека по професија е дизајнер на ентериери и производител на уникатен мебел.

Работеше во својата работилница во Мрзенци, гевгелиско каде и живееше со своето семејство, пишиува порталот „Гевгелија.нет“.

Следни Објави

Овие предвидувања на Баба Ванѓа се остварија во 2024: Тоа што следи е многу пострашно

Баба Ванѓа за годината што полека изминува предвиде глобална финансиска криза која ќе предизвика растечки тензии насекаде. Предвиде дека милиони луѓе ширум светот ќе бидат на работ на сиромаштија и тоа е баш така, борбата со инфлацијата продолжува, а тоа повлекува кратења на работни места и економската несигурност на глобално […]