fbpx

Овие предвидувања на Баба Ванѓа се остварија во 2024: Тоа што следи е многу пострашно

Баба Ванѓа за годината што полека изминува предвиде глобална финансиска криза која ќе предизвика растечки тензии насекаде. Предвиде дека милиони луѓе ширум светот ќе бидат на работ на сиромаштија и тоа е баш така, борбата со инфлацијата продолжува, а тоа повлекува кратења на работни места и економската несигурност на глобално ниво.

Уште една голема прогноза на Баба Вања беше еколошката криза, па може да се каже дека воопшто не погреши. Годинава го имавме најтоплото лето досега, се појавија екстремни временски феномени, како што се невидените поплави во Валенсија, Шпанија и разорните бури во Европа и Америка.

Баба Ванѓа, исто така, предвиде голем напредок во медицината. И повторно беше во право. Лекарите воведоа нови дијагностички тестови способни за откривање на рак кај деца помлади од 18 години, а имаше и големи откритија во лекувањето на ракот на грлото на матката.

Но, дали ќе се оствари тоа што го предвиде за годинава што следи? Дали навистина е на повидок уште еден конфликт во Европа кој ќе го уништи населението на континентот?

Баба Ванѓа предвидела глобална апокалипса во 2025 година. Таа изјавила дека војна ќе започне во континентална Европа помеѓу две земји, а последиците ќе бидат глобални.

Иако некои се скептични во врска со предвидувањата на Баба Ванѓа, многумина забележале сличности меѓу нејзините предупредувања и оние на Нострадамус.

Освен војната, Баба Ванѓа зборувала и за можни посети од вонземјани и за развој на телепатија кај луѓето во 2025 година.

Следни Објави

Ги гледам децата како јадат кифла и сендвич, а јас се виткам: Тажната приказна на Јован (10)

„Ги гледам дечињата во училиште како јадат кифла или сендвич, а јас се виткам додека ме боли стомакот“, вели десетгодишниот Јован од Крива Паланка во новата епизода на емисијата „Срце на дланка“ Последната епизода на емисијата „Срце на дланка“ ја вознемири македонската јавност. Горан Станковски од Крива Паланка е уште […]