Оваа баба има посебна моќ: Во тоа се увери и најбараниот македонски пејач

Јордан Митев сподели неочекувана објава на социјалните мрежи.

Познатиот фолкер, кој во моментов важи за еден од најбараните македонски пејачи за настапи, имаше интересна средба, а деталите ги сподели јавно.

„После многу изминати километри во изминатиот период, патот ме однесе и во ресенското село Арвати кај баба Тефиде која со својот традиционален занает ми ги ублажи болките во половината.

Не знам дали беше до занаетот или до слаткото кафе со убав старски и мудар муабет, но знам дека баба Тефиде ми го направи денот да се чувствувам подобро, затоа и сакам да ја споделам со моите фанови“, напиша тој на „Фејсбук“.

Митев отворено зборува за животните предизвици со кои се соочува. Така беше и кога пред неполни две години му беше дијагностицирано ретко автоимуно заболување.

„Настана еден тотален мрак во мојот свет кога ми дијагностицираа инвазивен планоцелуларен карцином кој мораше брзо да се отстрани. Два месеца од првичната дијагноза до конечната беше можеби најтежок период во мојот живот. Процесот на анализи, испитувања, чекање резултати, кога човек е во таква ситуација имате чувство дека еден ден трае една година. Но, со Божја помош некако на крај завршив со дијагноза на ретка автоимуна болест која се вика пенфигус вулгарис. Проблем со кој може да се живее доколку се стави под контрола, за разлика од првиот кој ставањето под контрола беше под знак прашање“, раслажа пејачот претходно за порталот „Женски магазин“.

Следни Објави

Ќерката на Весна имала белодробен инфаркт: Сметката во Дубаи допрва треба да се плати

Весна Петрушевска откри дека 2024-та ѝ била една од најтешките години во животот. Популарната македонска актерка и режисерка на која во средината на април ѝ беше дијагностициран рак на дојка, пред неполн месец ѝ соопшти на јавноста дека нејзината ќерка поминала 15 дена на апарати во болница во Дубаи, откако […]