fbpx

Ќерката на Весна имала белодробен инфаркт: Сметката во Дубаи допрва треба да се плати

Весна Петрушевска откри дека 2024-та ѝ била една од најтешките години во животот.

Популарната македонска актерка и режисерка на која во средината на април ѝ беше дијагностициран рак на дојка, пред неполн месец ѝ соопшти на јавноста дека нејзината ќерка поминала 15 дена на апарати во болница во Дубаи, откако изгубила свест.

На Мина ѝ дијагностицирале белодробна емоболија или белодробен инфаркт.

„Почнавме со проби во МНТ со ‘Богот на колежот’ и уживавме во процесот. Сѐ до оној почеток на ноември кога Моника (тоа е третото мое дете) ми се јави да ми каже дека Мина изгубила свест и е во болница н апарати. Како? Зошто? Чекавме до крај резултати. Петнаесет дена ни на небо ни на земја. Терав проби и го почитував правилото на театарот дека моите проблеми ги оставам надвор. Така и беше. Мина и Моника дојдоа на рехабилитација која од состојбата на кома треба да трае од 3 до 6 месеци. Имавме одлична претстава, овации, аплаузи. Јас го преживував сопствениот бог на колежот“, раскажува Петрушевска сега за порталот „Сакам да кажам“.

Сметката во болницата во Дубаи допрва треба да ја плати.

Мина (20) заминала да работи во Дубаи со Моника Милкова, семејна пријателка на Петрушевска која актерката ја нарекува нејзино трето дете. Во Дубаи, Мина работела во оддел за човечки ресурси во агенција за недвижности.

Нејзиниот син Кирил живее со татко му Јанко Тренкоски во САД каде што студира.

Следни Објави

Завршивме со тебе сестро, засекогаш: Неа Џамбазов ја нарече грда и опасна вештерка

Со неочекувана објава Игор Џамбазов зачекори во новата 2025-та. Македонскиот актер и шоумен призна дека минатата година му била тешка и напорна, а тоа го срочи во неколку реченици кои само тој може така оригинално да ги напише. „2024-та годино, тебе ти се обраќам. Завршивме со тебе сестро, засекогаш. И […]