Завршивме со тебе сестро, засекогаш: Неа Џамбазов ја нарече грда и опасна вештерка

Со неочекувана објава Игор Џамбазов зачекори во новата 2025-та.

Македонскиот актер и шоумен призна дека минатата година му била тешка и напорна, а тоа го срочи во неколку реченици кои само тој може така оригинално да ги напише.

„2024-та годино, тебе ти се обраќам. Завршивме со тебе сестро, засекогаш. И да не си се осмелила да ни се појавиш пред очи уште еднаш. Ти беше една бесчувствителна, непредвидлива, тешка, напорна, напната, грда и опасна вештерка. Збогум! И порачај и на сестра ти што доаѓа да не се занесува многу. Оти, штом те преживеавме тебе, нема што да ја мислиме неа. Таа нека му ја мисли“, напиша Џамбазов на „Инстаграм“.

Што толку лошо му се случувало на приватен план, овојпат не откри. Што се однесува до неговата кариера, 2024-та и тоа како беше негова година. Сними неколку музички проекти, со неговиот најверен сорабтник и пријател Гуру Харе одржаа концерти во Торонто, а имаше и премиера во МНТ-претставата „12“ за која се крена огромна прашина уште пред да биде изведена.

Следни Објави

Лоша вест за македонските гледачи: Се укинуваат повеќе турски серии

Со години наназад ударниот термин на речиси сите национални телевизии е резервиран за турски серии. Се очекува овој тренд да продолжи и во 2025-та, иако од Туркије пристигнуваат и не така добри вести. Тамошните медиуми пишуваат за криза во тамошната ТВ-индустрија. „Приходите од реклами се намалени за половина оваа година […]