Тажна вест
На 62-годишна возраст почина д-р Лилјана Пренџова, специјалист интернист, гастроентерохепатолог.
Станува збор за лекарка со долгогодишен работен стаж во јавното и во приватното здравство како и прва со специјализација за гастроскопија и ентероскопија како во велешката болница така и во приватна амбуланта во Велес и во Македонија, пишува порталот „Дума“.

„Искрено сочувство до семејството и светол пат кон вечноста“, коментираат нејзини блиски пријатели и соработници на социјалните мрежи.
Д-р Пренџова беше сопруга, мајка на два сина и баба на еден внук.

