Кажете ѝ збогум на нервозата со лековитиот чај на дедо Христо од Кочани (РЕЦЕПТ)

Чај против нервоза се продава на тезгата на 83-годишниот Христо Арсов од Кочани. Како што вели се соединуваат три билки и се добива овој напиток кој во денешно време се бара се’ повеќе од страна на граѓаните.

Во прилог за локалната телевизија М Нет, Арсов раскажува дека се собира во рана пролет или наесен и тврди дека е доста ефикасен.

Открива дека во чајот за нервоза има баточина, хмел и валеријана.

„Чајот се собира кога цвета или зависи коренот ако се ваде, рано пролетта или наесен. За нервоза го смирува нервниот систем и добар е пред спиење да се земе, убаво се спие“, вели Арсов за М Нет.

Освен чај за нервоза, на тезгата на Арсов која е лоцирана на пазарот во Кочани можат да се најдат разни видови чаеви кои помагаат за настинка, а ги препорачува и за продуктивна кашлица.

Иако е во години вели дека сам да го собира чајот и дека тоа го исполнува. Потоа соодветно го складира и го продава.

„На нашата тезга може да се најдат чаеви од разни врсти. За кашлица, за простата, за нервоза, жалфија, глуварче, чај против шеќерот, конјско опавче. Чајот го береме обично од Пресека или кај Врнинци тој дел. Сам го берам иако сум во години сам го берам“, вели Арсов.

Следни Објави

Универзумот праќа порака: Овие два знака ќе пливаат во пари уште до крајот на јануари

Убав период ги очекува овие луѓе. Ќе им „крцка“ паричникот уште во наредните денови. Среќници! Три знаци ќе ја подобрат својата финансиска благосостојба, а еве кои се тие: РИБИ Ќе имаат можност да постигнат добри резултати на работа и да имплементираат нови идеи кои ќе бидат профитабилни. Астролозите им препорачуваат […]