Прво снимки од местото: Ова е убиениот Дејан, добро ѝ е познат на јавноста

Во престрелка во ресторан во Бања Лука вечерва е убиен Дејан Костиќ Дела, јавуваат регионалните медиуми.

Жртвата е поранешен водач на навивачката група „Лешинари“.

Станува збор за осудувана личност со богато криминално досие. Костиќ во повеќе наврати завршуваше зад решетки поради тепачки, насилничко однесување, малтретирање и пукање, информира „Блиц“.

Извесен период беше и член на Собранието на ФК Борац, како предводник на навивачите на тој клуб.

На пошироката јавност ѝ стана познат по снимката која стана вирална, а на која се гледа како малтретира келнер. За тој случај беше осуден на парична казна од 9.000 КМ за кривично дело злоупотреба, тортура и друго нехумано и понижувачко однесување.

Следни Објави

Почина најпознатата мома од Македонски народни приказни

Тажна вест споделија администраторите на популарната фејсбук-страница „Бардовите на македонското глумиште“. „Со длабока тага ја примивме веста за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска, долгогодишна актерка во Македонскиот Народен Театар во Скопје“. пишува во објавата. На јавноста ѝ е најпозната по улогите во Македонски народни приказни, Еурека, Тврдокорни, Солунски патрдии […]