Тажна вест споделија администраторите на популарната фејсбук-страница „Бардовите на македонското глумиште“.
„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска, долгогодишна актерка во Македонскиот Народен Театар во Скопје“. пишува во објавата.
На јавноста ѝ е најпозната по улогите во Македонски народни приказни, Еурека, Тврдокорни, Солунски патрдии и Последната македонска елегија.
Изразуваме длабоко сочувство до семејството, колегите и пријателите.
Вечна ѝ слава!

