„Доста беше!“: Македонската водителка проговори за болеста

Јована Стојменовиќ е едно од омилените ТВ-лица кај нас, поранешен модел и убавица со титули. Речиси две децении е дел од тимот на утринската програма „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител.

Иако ретко зборува за нејзиниот живот зад камерите, Стојменовиќ со нејзината последна објава на социјалните мрежи го стори токму спротивното-без заддршка проговори за болеста со која се соочува.

„Милиони луѓе на светот живеат со една специфична состојба на кожата која се вика псоријаза. Јас сум една од нив. Ми се појави во дваесетите години кога најинтензивно се занимавав со моделинг или во најнезгодно време. Следеше повеќегодишен период на интензивни потраги по стандардни и чудесни лекови со цел да исчезне… ииии што? И ништо. Дојде време да се уморам од сето тоа и да си кажам – доста беше!“, ја почнува таа својата исповед.

„Ја прифатив, таа е дел од мене. Денес се појавува и исчезнува, по нејзина волја. Однадвор се негувам како што треба, одвнатре, искрено би требало да направам и повеќе. А со кортико ја третирам само кога ќе почуствувам дискомфор“, открива познатата водителка.

Инаку, минатата година Јована им призна на своите фанови дека конечо е среќна на љубовен план.

Таа одлучи конечно да го покаже саканиот и доби илјадници лајкови. Оние што ја следат веднаш ѝ испорачаа компименти, а водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска која е и нејзина блиска пријателка кратко прокоментара: „Љубовчиња мои“.

Следни Објави

Оваа дама е мајка на познат Македонец: Луѓето не веруваат дека има 78 години

Сергеј Варошлија со една од последните негови „приказни“ објавени на „Инстаграм“ пријатно ја изненади јавноста. Контроверзниот македонски стилист конечно им покажа на своите следбеници како изгледа неговата мајка. Тој одлучи првпат јавно да ѝ го честита роденденот. „11.01. Среќен 78-ми роденден Мајка, да си ми здрава и жива. Сликава е од […]