Сè се случи бргу, за два месеца: Синот на ѕвездата од Македонски народни приказни со потресно сведоштво

Во јануари годинава почина Весна Стојановска Николовска, долгогодишна актерка во Македонскиот Народен Театар во Скопје и ѕвезда од култниот ТВ-серијал „Македонски народни приказни“.

За нејзиниот приватен живот малку се знаеше, а по нејзината смрт се огласи син ѝ единец.

Виктор раскажа дека кога пред два месеца се соочила со здравствен проблем не прифаќала пораз и верувала дека ќе се избори за своето здравје и живот.

„Сè се случи многу бргу, во рок од два месеца. Мајка ми се соочи со здравствен предизвик за кој сите, а најмногу таа, бевме уверени дека ќе го надмине. Не се предаваше, секогаш беше голем воин, многу жива, енергична.. Дури последниот ден, пред да почине, како сите да сфативме дека ете, толку било, дека доаѓа крајот на нејзиниот живот. И освен по улогите, секогаш ќе ја памтиме и по нејзината борбеност и волја за живот, по нејзиното неприфаќање на порази. Благословени бевме што ја имавме“, раскажа тој за „Фокус“.

Неговиот татко починал пред седум години, а Весна и тој продолжиле храбро низ животот. Многу сакала да се дружи, имала бројни пријатели и постојано била опкружена со луѓе. 

Следни Објави

Трагедија! Почина Александар Јовиќ, имаше само 51 година

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност, на само неколку часа пред нашата земја да го одигра првиот натпревар на ракометното светското првенство во Хрватска. На 51 година ненадејно почина тренерот на Пролет, Александар Јовиќ. Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, роден на 24 септември 1973 година во Бјелина, низ годините градеше […]