Ленче Кукиќ ја покажа новата линија во популарното шоу „Никој како..“ кое се емитува на телевизија Телма.
Пејачката беше гостинка кај Кате и Ненад заедно со сопругот Горан, а коментарите на гледачите се дека изгледа одлично, но и дека едвај ја познале, најмногу поради новата фризура.
Ленче се здебели дури 30 килограми во екот на пандемијата кога со нејзиниот сопруг беа хоспитализирани поради компликации со Ковид-19. Неколку години мака мачеше со линијата, но на крај успеа да „стопи“ 20 кила за само една година.

Неодамна, во интервју за „Женски магазин“ откри како ослабнала.

Ленче и Горан Кукиќ повеќе од две децении настапуваат со бендот „Јупитер“. По нивните стапки тргна и нивниот син Иван.

