Жената која беше пронајдена во Вардар пред неколку дена е 43-годишната скопјанка Лидија Трајковска која од осми ноември се водеше за исчезната.
За порталот „24 Инфо“ нејзините најблиски ја потврдиле оваа информација.
Лидија кобниот ден излезе од дома во раните утрински часови, без лични документи и мобилен телефон, по што ѝ се изгуби траг.
Очајни и беспомошни, братот и сестрата на Лидија со месеци бараа да се разреши мистеријата околу исчезнувањето на Трајковска.
Братот на Лидија, Александар, ги молеше институциите да ангажираат добро опремени нуркачи, за детално да се провери коритото на реката и да се отфрлат сите сомнежи. Тој апелираше и надлежните во случајот да извршат полиграфско тестирање на две лица, на сопругот на Лидија и на уште едно лице кое било во врска со неа, а чиј идентитет ѝ бил познат на полицијата.

Неочекуван потег: Братот на Лидија раскажа сè, ова е вистината за „кумот“
Лидија сè уште ја нема: Конечно се огласи и нејзината бремена ќерка, ги негира муабетите за мајка си
Од Лидија ни трага, ни глас: Брат ѝ ги негира муабетите за џемперот, се огласи и сопругот
„Има бројни коментари да не ја бараме Лидија, бидејќи наводно побегнала со ‘кумот’. Такво нешто нема, ете го ‘кумот’ кој всушност и не ѝ е кум на сестра ми, овде е, никаде не е побегнат, а полицијата го знае неговиот идентитет“, раскажа пред неполн месец за „Фокус“.
Пред два месеца во медиумите даде изјава и бремената ќерка на Лидија која тогаш изјави дека низ градот се слушаат разни приказни за нејзината мајка и истите ги прокоментира како дезинформации.

