Капитенот на нашата ракометна репрезентација беше прогласен за најдобар играч на првиот натпревар кој Македонија вечерва го одигра на Светското првенство во Хрватска.
Филип Кузмановски одигра одлично и малку фалеше на почетокот да приредиме сензација и да ја победиме Унгарија која важеше за голем фаворит во овој дуел.
Кузмановски пред само неполни три месеци стана татко, а тоа веројатно дополнително го мотивира да даде се’ од себе на овој Мундијал.

Ова е прво дете на популарниот Фитиљ со неговата сопруга, Моника.

Двојката доби син, а го крстија Матијан.
Се заколнаа на вечна љубов во 2019 години. Свадбата беше на отворено во Битола.

Интересен момент е што Моника е братучетка на Дејан Манасков.

