Трагедија! Почина Александар Јовиќ, имаше само 51 година

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност, на само неколку часа пред нашата земја да го одигра првиот натпревар на ракометното светското првенство во Хрватска.

На 51 година ненадејно почина тренерот на Пролет, Александар Јовиќ.

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, роден на 24 септември 1973 година во Бјелина, низ годините градеше успешна ракометна кариера.

Беше дел од екипите на Слобода Тузла во БиХ, на Сплит во Хрватска, на Апатин во Србија, на Болоња во Италија.

Најголемите успеси на клупски план ги постигна во Македонија, каде во дресот на Вардар, настапуваше уште и за Пелистер, за Јафа Промет, за Борец, а играчката кариера ја заврши во Металург во 2009 година.

Со репрезентацијата на Македонија настапи на ЕП 1998 и на СП 2009.

Тренерската кариера ја почна во Автокоманда. Беше на кормилото на првиот и вториот тим на Металург, а потоа работеше во Битола, во екипите на Еурофарм Пелистер 2 и во првиот тим, каде имаше голем успех и ја врати титулата по 18 години. Последен негов ангажман беше на кормилото на РК Пролет.

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, напишаа од Ракометната Федерација на Македонија која упати искрено и длабоко сочуство до семејството на Јовиќ.

Следни Објави

Само неколку часа пред трагедијата сè било нормално: Неверување по смртта на Јовиќ

Македонија тагува по една од највредните ракометни личности Македонскиот ракомет загуби голем човек и голем работник со неговата смрт. Ракометниот клуб Тинекс Пролет преку соопштение се збогуваше од својот тренер Александар Јовиќ, кој почина рано утрово во својот дом во Скопје. Раководството на клубот и сите ракометари се во шок […]