Бог ги исполнува желбите: Во очи на Водици направете го ова!

Според верувањата, вечерва точно на полноќ, во очи на големиот христијански празник Водици, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог им ги исполнувал желбите кои кора да бидат јасни.

Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Од таа вода да се налеело, можело да се лекуваат многу болести.

За осветувањето на водата и за чудесата на осветената вода Св.Јован Златоус во својата беседа за крштевањето вели: „Овај е ден во кој Христос се крсти и ја освети природната вода.

На полноќ на овој празник сите црпат вода и ја носат во своите домови и ја чуваат со години. Водата не се расипува“.

Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

Водици традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Фото: Фејсбук страна на Град Скопје

Следни Објави

Богојавленската вода помага за секоја болест, но се користи само во овие случаи

И на најголемите грешници им е дозволено да ја вкусат, богојавленската вода е значајна потврда на православната вера. Со години останува свежа, вкусна, осветена и лековита.ж Одамна постои обичај оваа вода да се чува во специјален сад цела година, затоа што таа помага во секоја болест и кога малите деца […]