Се сврши Наско Џорлев, синот на легендарниот македонски виолинист и професор Зоран Џорлев кој почина на 53-годишна возраст како последица од Ковид-19.
Младиот пејач и музичар ја побара раката на својата девојка Еатерина Пишмирова во градот на светлината.
Џорлев пред неколку часа објави колаж од неколку фотографии од Париз, а честитките не престануваат.

По стапките на својот славен татко, кој за жал прерано го напушти овој свет, тргна и помалиот син Мартин кој со години е актуелен на алтернативната музичка сцена.
Во интервјуата маестро Џорлев секогаш со задоволство зборуваше за неговите два сина, но и за сопругата Офелија, инаку дипломиран правник.

Во едно интервју откри дека Офелија ја запознал на нејзината апсолвентска вечер во „Кајак-клуб“ во Градскиот парк. Таа вечер случајно навратил таму со своето друштво од оркестарот на Операта.
– Имаше многу гости во кафеаната, но мојот поглед падна таму каде што требаше. Во животот нема ништо случајно. Целиот живот бегав од Струмица, градот во кој сум роден и мислев дека нема да земам жена оттаму. Но, патиштата господови се чудни, иако не се случајни – изјави Џорлев во истото интервју.

