Скопски ресторан на својата официјална фејсбук-страна објави фотографија од починатото 17-годишното момче од скопско Волково кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон на пруга во Кисела Вода.
Под фотографијата осамна и трогателна посвета.
„Почивај во мир дете младо, дете златно, дете наше. Патувај и летај слободно со ангелите во вечноста. Чувај не’ и пази да не згрешиме некоја резервација и чекај не’, чекај не’ горе, ќе работиме пак заедно, а дотогаш.. Ќе плачеме и ќе плачеме многу и ќе се надеваме дека во 14:00 ќе се појавиш на врата и насмеан како и секогаш ќе ни кажеш добар ден. Не изгубивме работник, изгубивме брат, другар, колега, дете, чедо. Нека ти е лесна земјата и светол патот до небесата. Те сакаме“, пишува во објавата.

И покрај максималните напори на медицинските тимови од КАРИЛ, момчето за жал го загуби животот.
„Навистина е трагично што животот го загуби овој млад пациент со изгореници и тешки телесни повреди“, изјавија од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.