Боки Јовановски денеска се огласи на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Објавата на македонскиот шоумен и поранешен бизнисмен е вистинско изненадување за неговите следбеници.
Популарниот Боки 13 им откри голема тајна.
„Да, точно е, после сите хируршки интервенции, наталожени стресови, компликации, силните секојдневни терапии и мојата секојдневна борба со болеста, косата ми е падната и ставена ми е вештачка коса“, напиша Јовановски.

Тој побара од јавноста да престане да го коментира неговото здравје.
„Само јас си знам како ми е и како сум“, порачува тој.

