Нова трагедија ја вознемири македонската јавност
Момче (24) синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена.
„Во 19:05 часот во ОВР-Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи-Велес.
Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР-Кавадарци и јавен обвинител.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.

