Македонската инфлуенсерка Христина Пан на почетокот на годинава повторно стана мајка.
Радосната вест самата ја објави на социјалните мрежи.
„Калија, нашето трето сонце“, напиша таа под фотографијата што ја објави на „Инстаграм“.

Христина Младенов по потекло е од Слепче, Демир Хисар, а последниве две децении живее во Скопје. По професија е дипломиран инженер по биологија, но на пошироката јавност ѝ стана позната откако одлучи да ја раскаже нејзината битка со неплодноста.
Откако со сопругот Петар во меѓувреме конечно се реализираа како родители со асистирано оплодување, од семејството пристигна уште една преубава вест.

„Во нашиот најголем животен хаос, Господ ни го испрати најголемиот благослов, нашата трета среќа.. Да не’ потсети уште еднаш никогаш да не губиме надеж и секогаш да веруваме дека секоја препрека со љубов и верба се надминува. Пред три години ни кажаа дека не можеме да имаме деца, а на овој убав ден ви кажуваме дека ја очекуваме нашата трета принцеза“, раскажа Христина пред пет месеци кога откри дека е бремена.

Христина и Петар веќе ги имаат близначките Хана и Тара. Некое време пред првиот роденден на девојчињата, Христина со јавноста сподели дека една од ќеркичките се соочува со болест и ќе мора да прима хемотерапија. Подоцна напиша дека се’ поминало во најдобар ред.

