Ја давел до смрт: Страшни детали за убиството на 52-годишната Сузана од Кавадарци

Лишен е од слобода 42-годишниот И.П. Тој се сомничи дека на 22 јануари годинава со гушење ја убил неговата партнерка, 52-годишната Сузана од Кавадарци.

Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријави настанот во полициска станица.

Од Обвинителството информираат дека се обезбедени докази дека И.П. го сторил делото.

ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик-„убиство“, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и И.П. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.

Според првичните сознанија, несреќната жена живеела сама во социјалните згради во близина на училиштето ,,Гоце Делчев”. Пред да го пронајде нејзиното тело синоќа, ќерка ѝ ја немала видено неколку дена.

Неофицијално, Сузана, која од социјален аспект немала лесен живот, имала вонбрачен партнер со кого ја прекинала врската пред неколку месеци.

Следни Објави

„Мила да си при Бога, Фросинче“: Таткото на прегазената девојка со потресно обраќање

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на 22-годишната Фросина Ќулакова која завчера трагично го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин во Скопје. Граѓаните повикуваат на мирни протести. Бараат одговорност од институциите и правда каква што ја заслужува семејството кое е скршено од болка. На социјалните мрежи синоќа […]