Го најдоа телефонот, а од Миле ни трага, ни глас: Се огласија сестра му и татко му

Три дена трае потрагата по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино кој на 30-ти јануари околу осум часот наутро дал отказ на работното место во Кавадарци и заминал во непознат правец.

Неговото семејство се сомнева дека најверојатно тргнал пеш од Кавадарци кон Неготино и околу 10.30 часот бил забележан кај селото Марена.

Тие откриваат дека вчера бил пронајден и неговиот мобилниот телефон покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема.

Доброволци од градот се мобилизираат, а и полициски службеници трагаат по Миле. Велат дека целата река е проверена, посебно во делот каде е пронајден мобилниот телефон на Миле.

„Вчера имаше и куче трагач, но исто така имаше и многу луѓе на местото, па најверојатно се помешаа траговите, кучето не успеа да намириса траг. Ние, семејството на Миле, ги замолуваме сите надлежни институции да дојдат со свои екипи и да ни помогнат во потрагата. Само полиција и доброволци не се доволно, три дена поминаа.

Апелираме до Центарот за управување со кризи, до специјалните единици кои имаат обучени нуркачи во своите тимови, да дојдат со термални камери, да се донесат повеќе дронови, бидејќи сме беспомошни“, апелираат за ,,Фокус” сестрата и таткото на Миле.

Следни Објави

Тажна слика на протестот за Фросина: Сестрата Росица собра сила и низ плач проговори

Почна протестот во Кавадарци за смртта на младата Фросина Кулакова. На собирот се обрати нејзината сестра Росица. Таа низ плач повтори дека случајот мора да добие достоинствена правна завршница. „Ние за Фросина бараме правда не само од убиецот. Бараме правда и од таткото, бараме да се затвори таткото, да одговара […]